Американскиот претседател Доналд Трамп го награди Тајгер Вудс со највисоката граѓанска титула на почест во САД – Претседателското одличје на слободата.
Вудс минатиот месец го освои својот 15. „мејџор” во кариерата, а прв по пауза од 10 години и 10 месеци, триумфирајќи на Мастерсот во Аугуста, Џорџија, САД.
– Вашите исклучителни успеси на голф терените и Вашиот триумф над повредите, Вашата тврдоглава волја за победа… Сè тоа се квалитети коишто го отсликуваат американскиот дух… Дух што ги отфрла ограничувањата, изјави Трамп на свечаноста одржана во Белата куќа.
Тајгер Вудс е четвртиот голфер кој го примил тоа признание, по Чарли Сифорд, Арнолд Палмер и Џек Никлаус.