Тајгер Вудс отпадна од листата „ТОП 100“

Од:

Најпознатиот светски голф играч Тајгер Вудс, кој долги години беше „број 1“ во овој спорт, прв пат во кариерата не е ниту меѓу 100-те рангирани играчи.

Американецот, кој во својата кариера има освоено 14 најголеми трофеи во голф, прв пат во „ТОП 100“ влезе во 1996 година.

Вудс, кој кумулативно беше најдобар голф играч во светот 683 седмици, на најновата ранг листа објавена денеска е на 104. место.

Вудс на почетокот на календарската година самокритично истакна дека е во неприфатливо лоша форма и дека затоа одреден период нема да игра.

Тој од почетокот на февруари е без настап, а најави дека би можел да се врати на голф терените на 9 април за кога е закажана Мастерс серијата.

Би можело да ве интересира

Тајгер Вудс одбил над 700 милиони долари да се приклучи на саудиската ЛИВ голферска лига!

Трамп кратко се појави на Г-20 самитот, а потоа отиде да игра голф

Младата голферка повторно ги почести следачите со видео тренинг

Ана Ололовска

Северна Македонија на голф турнир во Литванија

Ана Ололовска

Трамп го одликуваше Тајгер Вудс

Ана Ололовска

(ВИДЕО) И викаат голфот не бил опасен спорт

Емир Латифовиќ