Трамп ги повика Африканците да ја поддржат кандидатурата на Северна Америка за СП 2026

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп побара од африканските земји да ја поддржат заедничката кандидатура на САД, Мексико и Канада за организација на Светското првенство во фудбал во 2026 година.

– Се надевам дека сите африкански земји, како и сите држави во светот, ќе не поддржат нас, заедно со Канада и Мексико, во нашата желба да го организираме Светското првенство во фудбал во 2026 година, истакна претседателот на САД за време на средбата со претседателот на Нигерија Мухамаду Бухари во Белата куќа.

Тој повторно упати закана дека неговата земја „ќе следи со особено внимание“ кој ќе ја поддржи нивната кандидатура, а кој не.

– И ќе ја оцениме соодветно секоја укажана помош, истакна Трамп.

Гласањето за избор на домаќин на Светското првенство во 2026 година ќе се одржи следниот месец, за време на конгресот на ФИФА во Москва. Другиот кандидат е Мароко и токму затоа Трамп се фокусира на африканските земји.

Но не е задолжително домаќинот да биде избран сега. Ако ФИФА не е задоволна од кандидатурите, тогаш гласањето ќе се одложи за 2020 година и ќе се отвори нова постапка за други кандидати. За да биде избран домаќин на Мундијалот 2026 се потребни минимум 104 гласа од земјите членки, кои во моментот се 205.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи со 48 тима за првпат во историјата.

Би можело да ве интересира

Трамп повторно се закани со царини за Европската унија

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Рубио: Кина би можела да го затвори Панамскиот канал во случај на конфликт со САД

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши