Трајковски: Сите кои ќе добијат шанса ќе го дадат максимумот

Од:

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за квалификацискиот натпревар против Шпанија закажан за 11 јуни на Националната арена во Скопје.

Репрезентативецот Александар Трајковски вели дека сите од составот на Игор Ангеловски ќе бидат максимално подготвени за дуелот против големиот фаворит.

– Имаме доволно време за подготовка пред квалификацискиот натпревар против Шпанија, одигравме и одличен меч со Турција, но тоа е зад нас. Подготвени сме, а одлука на селекторот е кој ќе го започне натпреварот. Сигурно е дека кој и да добие шанса ќе го даде својот максимум. Шпанија е фаворит, сигурно една од најдобрите светски репрезентации, но мораме да се потрудиме некои работи во играта да зависат и од нас. Во денешниот фудбал е многу тешко да се прогнозираат работите, бидејќи сите играат фудбал. Ќе се потрудиме да бидеме на највисоко ниво, а дали тоа ќе биде доволно за поволен резултат ќе видиме в недела доцна навечер, изјави Трајковски.

Дуелот Македонија – Шпанија е во рамките на 6. коло од квалификациите за Светското првенство 2018 во Русија.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска