Трајковски: Поквалитетни сме од Азербејџан, да го покажеме тоа и на терен

Од:

Репрезентацијата на Македонија ги продолжува подготовките за натпреварот со Азербејџан, кој ќе се одигра на 27 март на „Мардан“ арена во Белек.

„Црвено-жолтите“ одиграа без голови против Финска пред два дена, па сега се надеваме на многу поефикасен натпревар против Азербејџан.

Фудбалерот на Палермо, Александар Трајковски изјави дека македонскиот тим е доста поквалитетен од противникот, но тоа мораме да се потврдиме и на терен.

– Максимално се подготвуваме и за натпреварот со Азербејџан. Против Финска одигравме цврст и неизвесен натпревар во кој нашиот противник беше одлично поставен на теренот и многу дисциплиниран. Имавме шанси, но не ги искористивме за победа. Се надевам дека задутре ќе одиграме подобро и ќе постигнеме поволен резултат. Можеме да се надигруваме со нив и се гледа дека сме поквалитетен тим, а тоа сакаме да го покажеме и на терен, изјави Трајковски, цитиран од ФФМ.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска