Град Скопје нема надлежност за зголемување на работното време за настани во кои не се коорганизатори, изјави денеска градоначалникот Коце Трајановски.
Одговарајќи на новинарско прашање за продолжување на работното време на локалите во центарот на градот поради почетокот на Светското првенство во Бразил, тој посочи дека разговарале со службите за оваа тема.
– Го зголемуваме работното време за „Белата ноќ“ и за уште една манифестација, кои се од значење за Град Скопје и каде се јавуваме како организатор или поддржувач, појасни Трајановски.
Според него, за еднаков третман на граѓаните, сите градови во Македонија треба да го зголемат работното време, а не само Скопје.