Околу 100 учесници од велосипедските клубови од Македонија и Бугарија и околу 80 претставници на училшниот спорт и 100-тина деца од градинката „Ангел Шајче“ учествуваа на денешната велосипедска трка по повод празникот „11 Октомври“ денеска во Куманово.
Трката која се одржува секоја година ја организира велосипедскиот клуб „Вело – М Термалифт Куманово“ под покровителство на градоначалникот и советот на општина Куманово.
– Оваа е традиционална трка која се вози од ослобдувањето на Македонија и чест ни е што секоја година имаме голем број професионални велосипедисти, а годинава и аматери кои се приклучија на трката и на овој начин заеднички го одбележуваме празникот, изјави Марјан Петровски, од „Вело М Термалифт“.
Трката стартуваше од пред салата, а се одвиваше по булеварот „Октомвриска Револуција“ и „Трета Македонска Ударна Бригада“.
Манифестацијата која датира од самиот почеток на одбележувањето на празникот „11 Октомври“, годинава ја отвори градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, а присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јовановски.