Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф зборуваше за тоа како постојаниот напредок и обновување му овозможуваат на тимот да победува.
– Успешниот спортски тим не може да биде статичен – тој мора да се развива и адаптира. Тоа е комбинација на искуство со ентузијазмот и љубопитноста на младите луѓе. Во нашата компанија, гледам луѓе кои биле од самиот почеток, но и млади мажи и жени. Понекогаш тимот наликува на универзитетски кампус, што е одлично. Гледаме како доаѓаат лидери на новата генерација. Тоа е многу пријатно искуство, и за мене лично и за целата организација, рече Волф.
Австриецот дополни дека филозофијата на Мерцедес му помага на тимот успешно да се натпреварува со Ред Бул без доминантен болид.
-Сите овие години дискутиравме како ќе се справиме кога брзината ќе се покаже како недоволна. Во овој момент, сите наши вредности што ги изградивме, целата упорност и енергија беа применети во пракса, истакна Волф.
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон по првиот дел во Шампионатот во Формула 1, е лидер во Генералниот пласман.