Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини е еден од кандидатите за предводник на Тотенхем.
Лондонскиот клуб веќе стапил во контакт со 63-годишниотфудбалски стручњак, пренесува „Sky Sport Deutschland“.
Претходно беше објавено дека Тотенхем е во разговори со поранешниот тренер на Челзи и Јувентус, Маурицио Сари.
Исто така, клубот беше поврзан со поранешниот тренер на Лајпциг, Ралф Рангник и Ерик Тен Хаг, кој работи за Ајакс и пред неколку дена го обнови договорот со клубот.
Тотенхем е шести во поредокот во Премиер лигата.
Клубот е во потрага по нов тренер, по отказот на Жозе Мурињо доделен пред дваесетина дена.