Дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер, би можел да биде играч на Тотенхем, објави „Скај Спорт“.
Според изворот, Спарс имаат намера да ја завршат зделката за купување на 27-годишниот Германец пред да се затвори преодниот рок.
Освен Тотенхем, за дефанзивецот се заинтересирани и ПСЖ и Барселона.
Во сезоната 2020/21, Рудигер сè уште не влегол на теренот. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 40 милиони евра.