Играчот за врска на Тотенхем, Деле Али, нема да го менува клубот во текот на тековниот преоден рок
Според „Дејли мејл“ 24-годишниот Англичанец имал конфликт со главниот тренер на Спарс, Жозе Мурињо, но управата на клубот ќе се обиде да ги реши сите недоразбирања и да го задржи Али во Лондон.
Претходно имаше информации дека ПСЖ и Реал се заинтересирани за фудбалерот.
Минатата сезона во Премиер лигата, Деле Али одигра 25 натпревари на кои постигна осум гола и оствари четири асистенции.