Финалето на овогодишното издание на Карабао купот ќе се игра пред публика на трибините, соопшти денеска Англиската фудбалска федерација.
На финалниот натпревар меѓу екипите на Тотенхем и Манчестер Сити, на стадионот „Вембли“ на 25 април, ќе можат да присуствуваат 8.000 навивачи.
Претходно беше одлучено на полуфиналето од англискиот ФА куп, на 18 април меѓу екипите на Лестер и Саутемптон, да присуствуваат 4.000 луѓе, додека финалето што е на распоредот на 15 мај ќе можат од трибините да го гледаат 21.000 навивачи.