Тотенхем го победи Брајтон, јубилеен гол на Кејн

Од:

Тотенхем со головите на Деле Али и Хари Кејн во второто полувреме, извојува победа од 2:1 против Брајтон во првиот денешен дуел од англиската фудбалска Премиерлига. Уште осум мечеви од колото се играат подоцна попладнево и вечер.

Гостите водеа по првото полувреме, но тимот на тренерот Мурињо направи пресврт. Кејн го постигна својот 100-ти гол на домашен терен во клупската кариера. Кејн има 90 гола кога Тотенхем бил домаќин со него во составот, пет пати погоди дома за Милвол, трипати за Лејтон ориент и двапати за Лестер.

Кејн на популарниот Боксинг деј (26 декември) има дадено осум гола, со што е втор стрелец на сите времиња зад Роби Фаулер кој има девет погодоци кога играл еден ден после католичкиот Божик.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска