Шпанскиот фудбалски интернационалец Фернандо Торес кој за 50 милиони фунти беше донесен на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон ги демантира шпекулациите дека ќе си замине од Челзи.
Торес не ги исполни очекувањата на раководните луѓе во клубот а неговата форма одеше во надолна линија, меѓутоа со доаѓањето на тренерот Рафаел Бенитез полека се враќа во препознатливиот ритам, а почна и да постигнува погодоци.
– Не е вистина дека заминувам од Челзи. Останувам тука уште најмалку три години колку што ми трае и договорот. Лани бевме европски прваци, оваа година се бориме за титулата во Лига Европа. Во Премиер лигата немаме шанси за шампионскиот трофеј, но верувам дека следната сезона повторно ќе бидеме конкурентни и во оваа борба со најдобрите премиерлигаши, истакна Торес.
29-годишниот Шпанец на 32 натпревари сезонава во дресот на Челзи има постигнато седум голови.