Топиќ на Олимпијада со 41 година

Од:

Српскиот атлетичар Драгутин Топиќ (41) постави нов светски рекорд во скок во височина за ветерани, воедно исполнувајќи ја и Б-нормата за Олимписките игри во Лондон.

На Екипното првенство на Србија во Белград, каде што настапи за Партизан, тој победи со резултат 2,28 метри и се избори за шесто учество на олимпијадите како шести атлетичар во светот на кого му успеало тоа.

Рекордерка е Јамајчанката со словенечки пасош Мерилин Оти со седум учества на најголемата спортска приредба на планетата, а покрај Топиќ по шест имаат Марија Мутола од Мозамбик, Жоао Н’Тијамба од Ангола, Теса Сандерсон од Велика Британија и Лија Манолија од Романија.

Некогашниот европски шампион и неговата сопруга Билјана Топиќ, која ќе се натпреварува во трискок, ќе бидат и единствената брачна двојка меѓу учесниците на Игрите во Лондон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Има 16 години и е побрз од Болт

Предраг Петровиќ

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта