Томпсон златна и 200 на метри

Од:

Илејн Томпсон од Јамајка е нова кралица на спринтот, откако по триумфот на 100 метри, на олимпијадата во Рио де Жанеиро, го освои златниот медал и на 200 метри.

Томпсон е првата атлетичарка по 1988 година и Флоренс Грифитс-Џојнер која освои златни медали на 100 и 200 метри.

Од друга страна Американките доминираа на трката на 100 метри со пречки, каде ги освоија сите три медали и во скокот во далечина каде освоија злато и сребро.

Томпсон во финалето на 200 метри победи со резултат 21,78 секунди, таа за 13 стотинки беше побрза од втропласираната Холанѓанка Дафне Шиперс, додека бронзата ја освои Американката Тори Браун (22,15).

Во финалето на трката на 100 метри со пречки сите медали го освоија репрезентативките на САД.

Најбрза на оваа трка беше Бријана Ролинс која оставри време од 12,48 секунди, второто место со време 12,59 секунди го освои Ниа Али, а трета беше Кристи Кастлин (12,61).

Американките освоија злато и сребро и во скок во далечина. Тијана Бартолета со личен рекорд 7,17 метри стигна до златниот медал, нејзината сонародничка Бритни Рис заврши на втората позиција (7,15 метри), а бронзата и припадна на Србинката Ивана Шпановиќ која го собори државниот рекорд на Србија со резултат 7,08 метри.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ