Тирунеш Дибаба и Месрет Дефар атакуваат на две злата

Од:

Тирунеш Дибаба и Месрет Дефар, кои во својата кариера освоиле вкупно пет златни трофеи на Светските првенства и ќе бидат првите ѕвезди во тимот на Етиопија на претстојното Светско првенство во атлетика во Москва.

Дибаба и Дефар се пријавени за настап во трките на 5.000 и 10.000 метри и се очекува двете атлетичарки повторно да се најдат на подиумот.

Дибаба покрај трите триумфи на олимписките игри има четири златни медали на Светските првенства. На Мундијалот во Хелсинки во 2005-та Дибаба беше прва на 5 и 10 илјади метри, а по една победа во двете дисциплини има на шампионатите во Париз и Осака.

Дефар има едно мундијалско злато на 5.000 метри во Осака, две бронзи од Даегу и Берлин, а на сребро се радуваше пред осум години во Хелсинки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Има 16 години и е побрз од Болт

Предраг Петровиќ

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта