Екипата на Шкендија од Тетово ќе му биде противник на Тетекс во финалето од фудбалскиот Куп на Македонија.
Ова е епилогот по одигрувањето на реванш-полуфиналниот дуел вечерва во Скопје на кој Шкендија и Вардар одиграа нерешено 1:1. На првиот натпревар во Тетово беше 0:0, па голот постигнат на гостински терен беше одлучувачки Шкендија да се бори за трофејот.
Елмедин Реџепи во 81. минута ја доведе Шкендија во водство, изедначи Филип Петров во 89.минута.
Денеска во реваншот од првата полуфинална двојка Тетекс го совлада Силекс од Кратово со 2:0. По победата на гостински терен од 1:0, со вкупни 3:0 тетовчани заслужено се пласираа во финалето на Купот на Македонија.
Финалето во кое ќе играат двете тетовски екипи е закажано за 22 мај на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје.