Тетекс и Шкендија во битка за трофејот во купот на Македонија

Од:

Екипите на Тетекс и Шкендија вечер на арената „Филип Втори’’ во Скопје, ќе се борат за трофејот наменет за победникот во националниот фудбалски Куп на Македонија.

За Шкендија ова ќе биде второ финале по она во сезоната 2006-2007 кога беше поразена од Македонија ЃП.

Тетекс ќе го игра второто клубско финале, а воедно ќе се обиде и по втор пат да го освои трофејот на ФФМ, откако „текстилците’’ во финалето пред три години со 2:1 го совладаа Работнички.

Финалниот натпревар ќе го води најдобриот македонски судија Александар Ставрев, а ќе му помагаат Марјан Кировски и Душко Милошески.

Во досегашните 20 финални натпревари најуспешен беше тимот на Вардар кој освои 5 титули.

Како вовед во сениорското ќе се одигра младинското финале од 17 часот и 30 минути, во кое ќе младите фудбалери на Металург и Ренова.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска