Фудбалерите на Тетекс не успеаја да го поминат првото квалификациско коло во Лига Европа, откако попладнево загубија на гостувањето кај Пјуник со 1:0.
Стрелец на победничкиот гол за ерменскиот претставник беше Виулен Ајвазјан во последната минута од натпреварот.
Истиот играч го постигна голот за Пјуник и на првиот дуел одигран пред седум дена во Скопје кога натпреварот заврши 1:1.
Во моментов реваншите од 1.коло во квалификациите за Лига Европа на УЕФА ги играат другите две македонски екипи, Турново против Судува (1:2 е по 70.минути игра) и Карабах – Металург (0:0 на полувреме).