Тетекс барем еден ден не е последен

Од:

Викендов во Првата македонска фудбалска лига на се играат шесте натпревари од 25. коло, а два од нив веќе се завршени. Тетекс освои бод на гостински терен против Напредок и веќе не е последен на табелата, барем 24 часа до одигрувањето на утрешните дуели.

Нерешено заврши и дербито на тетовскиот регион меѓу Шкендија и Ренова.

Постигнати се следниве резултати: Напредок – Тетекс 0:0 и Шкендија – Ренова 1:1.

Вечерва од 19 часот и 30 минути на Арената „Филип Втори“ во Скопје се игра вечното дерби на македонскиот фудбал Вардар – Пелистер.

За утре се закажани натпреварите: Металург – Силекс, Работнички – Брегалница и Турново – Дрита.

Табела: Вардар 46 бодови, Турново 44, Металург 44,  Напредок 37, Работнички 36, Шкендија 36, Ренова 35, Брегалница 29, Дрита 27, Пелистер 26, Тетекс 20 и Силекс 19.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска