„Тесла“ создава простор за „Модел 3“, ги укинува најевтините модели

Од:

Компанијата „Тесла Моторс“ одлучи да се откаже од најевтината верзија „Модел С“, па ќе направи по уште некоја испорака на верзијата 75, што погон има само на задните тркала.

Во прашање најверојатно е стратешка одлука, која дополнително ќе ги диференцира „Модел 3“ и „Модел С“ и нивните цени, односно потег што ќе отвори уште малку поголем пазарен простор за „тројката“.

„Модел 3“ треба да чини околу 35.000 долари во основната верзија, а Илон Маск верува дека ќе се продава најмногу моделот со околу 5-6.000 долари поскапа опрема, а „Модел С“ наскоро ќе има минимална цела од 74.500 долари.

Моделот „RWD 75 Ѕ“, пто заминува во пензија, во ментов чини 69.500 долари.

Да потсетиме дека ова не е првпат „Тесла“ да ги укинува најевтините верзии, па сега веќе во понудата нема да има возилата без два мотора и погон на сите тркала.

Секако, тоа ќе се смени со доаѓањето на „Модел 3“, што се очекува до крајот на неделата.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов