„Тесла“ произведе 5.000 возила модел 3 во една недела

Од:

Автокомпанијата „Тесла“ го зголемила производството на моделот 3 на 5.000 возила неделно, што претставува рекорд за проблематичната фабрика во близината на Сан Франциско.

Основачот на „Тесла“, Илон Маск им задал краен рок на менаџерите во фабриката да направат 5.000 автомобили до крајот на викендот, по што изјави дека „Тесла“ конечно станува вистинска автомобилска фабрика, иако е неизвесно дали компанијата може да го одржи ова темпо на производство.

Уште во јануари „Тесла“ најави дека си поставила цел до средината на годината да почне да произведува по 5.000 модел 3 автомобили неделно.

Компанијата се уште губи пари, но Маск заклучи дека не смее да ги разочара илјадниците муштерии кои веќе уплатиле за своите „Тесли“, а ги чекаат со месеци.

„Тесла“ дури постави нова линија за склопување возила во импровизиран шатор во близина на главната хала.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов