Тесла привремено го запира производството на електромобилот Модел 3, и покрај долгата листа на клиенти кои ги чекаат своите автомобили.
Компанијата соопшти дека треба прво да се решат проблемите коишто ги предизвикуваат стотиците илјади одложувањај, за производството да продолжи, но сето тоа е предвидено во планот за работа.
– Нашиот план за производство на Моделот 3 вклучува и периоди не целосно запирање. Тие ќе послужат за усовршување на самите погони за производство, и нема да има негативни ефекти на истото, изјави претставник на компанијата за порталот Верџ.
Моделот С и Моделот Икс не се засегнати од овој планиран престанок со работа.