Акциите на Тесла паѓаат поради Твитер, новата инвестиција на Маск

Од:

Акциите на „Тесла“ паднаа на најниско ниво во последните две години, бидејќи инвеститорите го критикуваат извршниот директор Илон Маск, дека е премногу посветен на неговата нова инвестиција во Твитер.

Акциите на „Тесла“ вчера се тргуваа по 155,88 долари по акција, што е најниска цена од 18 ноември 2020 година. Вредноста на акциите на „Тесла“ падна за 55 отсто оваа година.

Акциите на „Тесла“, највредниот производител на автомобили во светот, беа меѓу најлошите резултати меѓу големите производители на автомобили и технолошки компании оваа година.

Инвеститорите се загрижени дека купувањето на Твитер од страна на Маск може да го пренасочи неговото време од „Тесла“ и дека тој би можел да продаде повеќе акции на „Тесла“ за поддршка на Твитер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски

Судот пресуди дека Твитер го прекршил договорот за исплата на бонуси на вработените

Горан Наумовски

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ