Тесла отпушта илјадници работници, а тие му заблагодаруваат на Маск

Од:

По најавата на Илон Маск дека ќе отпушти три илјади работници од неговата компанија Тесла, тој почна со отказите, но она што изненадува се позитивните реакции на отпуштените работници.

– Вчера добив отказ од Тесла и тешко ми е, многу, но тоа е добро за компанијата. Не жалам за ништо… Ќе навивам за нив оти знам дека дадов се од себе. Фала Ви на спомените кои ми остануваат по сиве години работа, напиша на Твитер извесен Кевин, поранешен вработен.

– Илон, ти благодарам на приликата. Фокусирај се на мисијата. Секогаш ќе бидам горда што бев дел од Тесла, напиша друга отпуштена работничка, Келс.

Прашан зошто луѓето имаат така позитивни реакции на отказите, еден од оние кои останале на работа вели дека тоа е така бидејќи во корпорацијата не владее култ на личности.

– Луѓето следејќи ја работата на Илон, посебно оние кои ја виделе најавата за отпуштања (која Маск ја објави на Твитер) имаат впечаток дека цела фирма функционира така, од врвот до најниските ешалони. Запознав голем број талентирани луѓе кои воопшто не обрнуваат внимание на тоа што Илон објавува или на медиумските написи. Со проблемите се соочуваме кога ќе дојдат до нас, изјави вработен, кој сакал да остане анонимен.

Тој не смета дека треба да го воздигнуваат Маск.

– Нормално е сопственик на фирма да мисли оти заслужува дека тој треба повеќе да профитира од луѓето кои работат за него, додава работникот.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов