Тесла може да пушти електромобил за 25.000 долари по три години

Од:

Најдостапниот електромобил на Тесла во моментов чини 35.000 долари – тоа е седанот Модел 3. Но шефот на компанијата Елон Маск навести уште подостапен автомобил во наредните години.

Кога го презентираше Модел 3, Тесла го позиционираше автомобилот како прв масовен модел на располагање на пошироката публика, во однос на претходните скапи модели. Во својот основен, Модел 3 чини 35 илјади долари.

Дали е можно понатамошно намалување на цените? За ова прашање, Маск дава позитивен одговор. Според неговите зборови, Тесла може да пушти електромобил по цена од 25.000 долари по три години, пишува Енгаџет.

Сепак, поевтини електромобил не е цврсто ветување од страна на шефот на Тесла, туку потенцијална можност базирана на проценка, која ги зема во предвид техничките достигнувања и ефектот од зголемениот обем на производство.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов