Дисциплинската комисија на Фудбалската асоцијација на Англија конечно излезе со одлука за расистичкиот скандал помеѓу Џон Тери и Антон Фердинанд, откако го определи дефанзивецот на Челзи за виновен.
По четиридневното сослушување, комисијата утврди дека Тери користел зборови со расистичка смисла против братот на Рио Фердинанд. Затоа казната е забрана за настап за четири натпревари и парична казна од 220 илјади фунти.
Во јули лидерот на Челзи беше ослободен од судот. Тери ја ислуша одлуката денес, откако вчера цел ден присуствуваше на седницата, а вечерта играше во победата над Вулверхемптон за Купот “Кепитал Оне”.
Пред неколку дена, Тери се откажа од националниот тим на Англија поради недостаток на поддршка од здружението и континуираната истрага за случајот. Пред претходно ФА му ја одзеде и капитенската лента, што доведе до заминување на селекторот Фабио Капело.
Играчот има право да поднесе жалба во рок од две седмици.
“Казната стапува во сила по излезот на евентуалната жалба или по рокот за жалбата да истече, ако г-дин Тери одлучи да не поднесе жалба”, се вели во одлуката на ФА.