Со доаѓањето на Жозе Мурињо изгледаме подготвени, силни сме како екипа и многу сме обединети. Го добивме тоа што ни недостасуваше и што го имавме и минатиот пат кога „специјалниот“ беше предводник на Челзи, им изјави на англиските медиуми капитенот на сините од Лондон Џон Тери.
Токму Тери со доаѓањето на португалскиот стручњак полека го враќа статусот на првотимец кој го изгуби кај менаџерот Рафаел Бенитез во вториот дел од ланската сезона.
– Мурињо отсекогаш знаел да се постави кон играчите и успевал да ги мотивира. Едноставно ве тера да се борите на теренот. Сите сме одушевени од неговото враќање на „Стемфорд Бриџ“.
Жозе Мурињо во летниот преоден рок од Реал Мадрид се врати во Челзи, клуб во кој работеше од 2004 до 2007 година и со кој освои два шампионски трофеја во Премиер лигата.