Навивачите на римските фудбалски клубови Рома и Лацио се степаа пред денешниот натпревар, а полицијата мораше да употреби солзавец за да ги раздвои и уапси еден бунтовник.
Околу 200 навивачи на Лацио утрово се степале со околу 100 навивачи на Рома во близина на Олимпискиот стадион, објавија италијанските медиуми.
Интервенирала полицијата која употребила солзавец за да ги раздвои навивачите, при што е уапсен 41-годишен маж, наводно приврзаник на Рома.
Властите ги анализираат снимките од безбедносните камери за да ги идентификуваат навивачите вклучени во тепачката, а полицијата конфискуваше палки, стапови и шлемови.
Фудбалерите на Рома од 18 часот му гостуваат на Лацио во натпреварот од 31. коло во Серија А.
Рома е петта на табелата со шест бода повеќе од седмопласираниот Лацио.