Таткото на Ѓоковиќ: Ако мојот син не биде ослободен, ќе излеземе на улица – ова е борба за сите!

Од:

Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан проговори за тоа дека неговиот син бил изолиран на аеродромот во Мелбурн.

– Немам поим што се случува, го држат мојот син во заробеништво цели шест часа. Ова е веќе борба за нашата заедничка слобода. Не само за Новак, туку и за целиот свет! Ако не го пуштат за половина час, ќе излеземе на улица – ова е борба за сите! – изјави Срѓан за српски „Спутник“.

Првиот светски рекет се соочи со проблеми при слетувањето во Австралија поради наводно неправилно издадена виза. Српскиот тим погрешно ја пополнил клаузулата за вакцинација против коронавирус и медицински третман.

Ѓоковиќ пред летот објави дека добил медицинска потврда за учество на Австралија опен, кој ќе се одржи од 17 до 30 јануари.

За да патуваат во Австралија, на сите странци им е потребна вакцина од одобрена листа или медицинска потврда за оправдано ослободување од вакцинација.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата