Тасевски: Респект за Вардар, но одиме по бодовите

Од:

Во пресрет на дуелот со Вардар, тренерот на Работнички Жикица Тасевски е оптимист дека неговите избраници можат да дојдат до бодовите.

Вардар е најголемиот бренд во македонскиот фудбал, клубот секогаш заслужува максимален респект, но исто така секогаш е и голема мотивација за противниците. Не се сомневам дека нашите фудбалери ќе имаат огромен мотив за игра.

Ќе биде тежок дуел, со оглед и на временските услови, но подготвени сме за предизвикот и одиме да освоиме бодови, порачува шефот на стручниот штаб на „романтичарите“.

Натпреварот Вардар – Работнички се игра попладне од 13 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Другите двојки за 15.коло од Првата фудбалска лига се: Македонија ЃП – Шкупи, Академија Пандев – Победа, Беласица – Ренова и Шкендија – Силекс.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска