„Тајмс“: Пилотот кој го управувал авионот на Сала немал соодветна дозвола

Од:

Исчезнувањето на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, чиј авион во понеделникот го снема од радарите додека летал на Ла Манш, го вознемири целиот свет. Пет дена подоцна, се уште не е пронајден напаѓачот кој од Нант за 18 милиони евра премина во Кардиф, а полицијата во четвртокот ја прекина потрагата по него и пилотот на авионот.

Сала од Нант до Кардиф требало да лета со искусниот пилот Дејвис Хендерсон (63), но во последен момент дошло до промена, бидејќи Хендерсон не можел да остане во Франција, па со авионот на Сала управувал Дејвид Иботсон (59).

Британски „Тајмс“ пишува дека Иботсон има дозвола само за личен пилот, односно не смеел да врши комерцијални летови, како летот на Сала.

Според податоците на „Тајмс“, летачката дозвола на Иботсон била обновена пред два месеца, а во неа стои дека не може да превезува патници. За да го прави тоа, пилотот треба да има дозвола за комерцијални летови, што бара повеќе часови обука и повеќе часови летање.

Иботсон го превезувал Сала, бидејќи Хендерсон не можел, а летот го организирал Марк Мекеј, кој и посредувал во трансферот на Сала во Кардиф за 18 милиони евра.

Сала за време на летот испраќал пораки до неговите пријатели и семејството дека „авионот како да ќе се распадне“.

После тоа, додека авионот прелетувал над Ла Манш, исчезнал од радарот, по што започна потрага по Сала и Иботсон. Откако два дена потрагата не пронајде ништо, полицијата одлучи да ја прекина и порачаа дека шансите исчезнатите лица да преживеат се минимални.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска