Екипата на Свонси оствари предност од 2:0 против актуелниот европски шампион Челзи во полуфиналето на Лига купот на Англија.
Најголем виновник за поразот на „сините“ е српскиот интернационалец Бранислав Ивановиќ кој направи две големи грешки и им овозможи на гостинските фудбалери преку Мичу во 39. и Грахам во 90+2.минута да победат на „Стемфорд Бриџ“.
Во вторникот се одигра првото полуфинале во кое четвртолигашот Братфорд со 3:1 ја совлада Астон Вила.
Реванш дуелите се закажани за 22 и 23 јануари.