Македонската ракометна репрезентација влезе во новата ера под водство на Кирил Лазаров со голем триумф над актуелниот светски и олимписки шаммпион Данска од 33-29 во натпреварот од квалификациите за пласман на следното Европско првенство.
Нашиот национален тим одигра одличен натпревар, го контролираше резултатот во целиот тек на средбата, на полувремето имаше и 17-13.
Голманот Никола Митревски имаше блескава партија со 13 одбрани.
Манасков, Талевски и Кузмановски постигнаа по пет гола, Стоилов и Лазаров по четири. Кај Данска, Хансен беше најефикасен кај Данците и на средбата, со 13 погодоци.
Со оваа победа, македонската репрезентација дојде до максимални 6 бода по три одиграни напревари. Македонија и Данска ќе одиграат уште еден меѓусебен натпревар следната седмица. Закажан е во Алборг, в недела од 16:00 часот.