Светската маратонска пливачка елита по 28-ми пат во водите на Охридското Езеро

Од:

Дваесет и двајца пливачи од 14 држави, од кои 16 во машка и шест во женска конкуренција, ќе учествуваат на 60-тиот Охридски пливачки маратон што утре ќе се плива на патеката „Климе Савин“ во водите на Охридското Езеро.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, на денешната прес-конференција по повод утрешниот јубилеј потсети дека пред 60 години се одржа првиот пливачки маратон на Охридското Езеро, тогаш на патеката од Горица до Охрид во должина од 2,5 километри.

– Од самиот почеток на маратонското пливање во Охрид и трката од пред 60 години, благодарение на големиот пливачки маратон во должина од 30 километри години наназад во континуитет во Охрид можевме да ја следиме целокупната светска пливачка елита, кремот на светското маратонско пливање, Бакрачески.

Инаку, што се однесува на подготовките за манифестацијата, Бакрачески појасни дека оваа година како никогаш досега се ангажирани сите локални и државни институции, јавни претпријатија и субјекти, со цел ова маратонско издание да мине во најдобар можен ред.

– Охридскиот пливачки маратон не е само најзначајната меѓународна спортска манифестација во земјата, туку и еден од брендовите по кои Охрид и државата се препознатливи пошироко во светски рамки, истакна Бакрачески.

Техничкиот делегат на маратонот, Џон Вест во име на Светската пливачка федерација се заблагодари на организацијата на уште едно издание на Охридскиот маратон, за кој истакна дека претставува еден од неколкуте трки во Гран-при маратонската серија на ФИНА што се веќе прогласени како класици.

– Подготовките за трката се одвиваат мошне добро. Знаеме дека организирањето вакви манифестации бара огромен труд и напор, оттаму благодарност до сите институции што се погрижија за што подобра организација на утрешната трка, истакна Вест.

Техничкиот делегат на утрешната трка Јане Карајованов забележа дека оваа година подготовките за маратонот се завршени порано од претходните изданија, во насока на исполнувањето на стандардите на ФИНА, така што се очекува убава, пред се, безбедна трка.

– Охрид тоа го заслужува, Охрид е репрезент како на Македонија така и на Македонската пливачка федерација. Ние сме познати во светот токму преку овој маратон и затоа ги повикувам сите граѓани што помасовно да дојдат во Охрид, порача Карајованов.

Стартот на пливачкиот маратон е закажан за утре напладне од кај „Свети Наум“, додека првите пливачи на целта кај Градското пристаниште може да се очекуваат некаде пет часа подоцна, зависно временските услови.

Покровител на Охридскиот пливачки маратон е претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, а наградниот фонд за најдобрите изнесува 10.000 долари.

Инаку, Охридскиот пливачки маратон веќе по 28-ми пат е дел од Светската Гран-при маратонска серија. Убедливо најуспешен на маратонот во Охрид е Бугаринот Петар Стојчев со 11 победи, додека за утрешната трка меѓу осумте фаворити за пиедесталот е и нашиот Томи Стефановски, кој е во добра форма.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски ги пречека учесниците на 36. Охридски пливачки маратон

Италијанецот Алесио Окипинти победник на Охридскиот пливачки маратон, французинката Каролин Жуис најдобра кај жените

Означен стартот на 36-тиот Охридски пливачки маратон

Горан Наумовски

Аргентинецот Матијас Хернандес победи на 35. Охридски пливачки маратон

И покрај хаосот со организацијата, пливачи прифаќаат учество на маратонот во Охрид

Кристијан Ландов

Пливачи со години не добивале награди од охридскиот маратон, Пецаков им пратил покани и чека одговори

Кристијан Ландов