Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) го суспендираше Атлетскиот сојуз на Русија поради допинг скандалот.
На состанокот на ИААФ привремената суспензија на Русија била изгласана со 22 гласа „за“ и само еден „против“.
По оваа одлука на руските атлетичири им се доведува во прашање настапот на Олимписките игри во Ри де Жанеиро следната година.
Светската антидопинг агенција во понеделникот објави извештај во кој се наведува дека руските атлетичари и некои функционери се вмешани во користењето на допинг и уништувањето на допинг тестови.