Само два клуба од првичните дванаесет учесници во несудената фудбалска Суперлига сè уште не го напуштиле проектот за создавање нов турнир.
Само шпанските екипи Реал Мадрид и Барселона не објавија повлекување од Суперлигата.
Вчера Манчестер сити, Челзи, Ливерпул, Арсенал, Манчестер јунајтед и Тотенхем најавија повлекување од турнирот.
Во текот на денешниот ден по ова прашање се изјаснија Атлетико Мадрид, Интер, Милан и Јувентус.
Супер лигата официјално беше најавена на 19 април, а својот крај го доживеја по само два дена.