Сулејманов ги пропушта контролите со Кина

Од:

Во консултација со медицинскиот тим, селекторот на македонската репрезентација Бошко Ѓуровски реши да го ослободи од обврските за натпреварите против Кина талентираниот играч од средниот ред, Тауљан Сулејманов.

Младиот фудбалер на Работнички во последните неколку месеци одигра голем број натпревари за неговиот клуб и за младинските национални селекции, па стручниот штаб во репрезентацијата одлучи дека интерес на тимот и на фудбалерот е да го заштити од дополнителен физички притисок.

Тауљан Сулејманов дебитираше за А репрезентацијата на Македонија на контролниот натпревар против Камерун во Австрија и со 17 години стана најмладиот репрезентативец во историјата на нашиот фудбал.

Македонската репрезентација составена од играчи од домашното првенство првиот натпревар против Кина го игра на 18 јуни во Шенјанг, додека четири дена подоцна двете селекции во Џинан ќе го одиграат вториот меѓусебен дуел.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска