Судот ги објави причините за депортацијата на Ѓоковиќ

Од:

Сојузниот суд на Австралија ја објави пресудата за случајот „Новак Ѓоковиќ“. Според објаснувањето, судот решавал за легитимитетот на одлуката на министерот Алекс Хоук, што значи процесот не бил решавање по жалба туку преиспитување на легитимитет.

Ѓоковиќ ја доби првата битка на суд околу поништувањето на визата, но потоа министерот Хоук го искористи правото лично да му ја укине визата. Федералниот суд потоа потврди дека Ѓоковиќ треба да биде депортиран. Според објавената одлука, судот воопшто не навлегувал дали имаат основа причините на министерот за укинување на визата, во одлуката се вели дека тој воопшто и не морал да дава причини. Судиите сметаат дека има јасна последична поврзаност меѓу причините што ги навел министерот. И тие според судот на се нелогични и нерационални како што тврдеше одбраната на Ѓоковиќ

Во доставените документи за да добие виза и медицинско ослободување, Новак навел дека бил позитивен на Ковид 19 на 16-ти декември, но еден ден подоцна делел трофеи во Белград, а наредниот одработил интервју со „Л’Екип“ иако знаел дека има позитивен ПЦР тест. Оваа ставка се споменува како пресудна за депортацијата на светскиот рекет број еден, кој на крајот остана без шанса да ја брани освоената титула на својот омилен грен слем турнир.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата