Суарез попрво би играл за Атлетико отколку за Јуве

Од:

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, бара друга опција за неговата кариера, а Уругваецот, кој во јануари ќе наполни 34 години, преговара со Атлетико Мадрид, тврди „Депортес Куатро“.

dobivaj vesti na viber

Според медиумите, Уругваецот претпочита да го носи дресот на Атлетико, а не оној на Јувентус, со кого исто така беше поврзуван.

Последните денови се сметаше сигурно дека Суарез ќе ги засили „бјанконерите“, но во игра се приклучија и „јорганџиите“.

Јувентус им понудил на Каталонците 3 милиони евра плус уште 13 милиони бонуси. Одделно, Суарез доби понуда за тригодишен договор за 10 милиони евра по сезона.
од „Ванда Метрополитано“ не сакаат да му понудат толку голема плата, но Уругваецот не ја крие желбата да остане во Шпанија.

Атлетико бара нов напаѓач, а најпрво сака да се ослободи од еден од напаѓачите, веројатно Диего Кошта.

Би можело да ве интересира

Фернандо Торес покажа како ги направи неверојатните мускули

На Диего Симеоне не му пречи што Регуилон играл за Реал

Атлетико прави рокада на позицијата лев бек

Навивачите ги навредуваа фудбалерите на Атлетико, Ермосо втрча на трибините да се пресмета со нив

Горан Наумовски

Мората: Среќен сум во Атлетико Мадрид

Роналдо во Атлетико Мадрид, Жоао Феликс во Манчестер Јунајтед?