Суарез неизвесен за првиот натпревар

Од:

Напаѓачот на Уругвај Луис Суарез со голема веројатност ќе го пропушти првиот дуел на неговата репрезентација поради нецелосно закрепнување од операцијата извршена 22 мај.

Уругвај вечер од 21 часот во Форталеза ќе игра со Костарика, а селекторот Оскар Табарез рече дека нема ништо да ризикува со Суарез.

– Се уште има време до почетокот на дуелот со Костарика. Не сакаме да брзаме и подготвени сме првиот дуел да го одиграме без Суарез. Тој добро напредува со опоравувањето и сите се радуваме поради тоа, а како ќе се одвиваат работите ќе знаеме од последниот извештај од лекарскиот тим, истакнува Табарез.

Уругвајскиот селектор додаде дека неговите избраници се фаворити, но во никој случај не смее да ја потценат Костарика за како што вели, да не им се случи нешто непредвидено.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска