Напаѓачот на уругвајската фудбалска репрезентација Луис Суарез кој поради казна предвреме го заврши СП, се врати во својата земја, а на аеродромот во Монтевидео беше дочекан со овации.
Тој ги дигна в раце синот Бенџамин и ќерката Делфина и ги поздрави навивачите.
Тамошните медиуми на шега пишуваат дека иако Бенџамин е мал и не разбира дека гризењето не е убава работа, можеби Делфина ќе го научи татко и како пристојно да се однесува.
ФИФА го казни Суарез со девет натпревари суспензија и четири месеци забрана за било какви фудбалски активности поради тоа што на дуелот со Италија го гризна Џорџо Кјелини.