Уругвај ги задржа шансите за пласман во осмина финалето на светското првенство, откако во првиот меч од второто коло во Д групата ја совлада Англија со 2:1.
Херој на Уругвај е Луис Суарез кој беше стрелец на двата гола за својот тим, во 39. и 83. минута од натпреварот.
Уругвајците во 39.минута, можеби најдобриот напаѓачки тандем на Мундијалот, Кавани и Луис Суарез креираа извонредна акција, мѓу петмина англичани Кавани нафрли на втората статива, а Суарез со глава го погоди споритвниот агол.
Стариџ и Џонсон комбинираа по десната страна, десниот бек на Англија по земја нафрли во ептерецот на Муслера, а Руни од непосредна близина го совлада Муслера.
Голот против Уругвај е прв за Руни во неговото трето учество на светските првенства.
Осум минути подоцна Суарез ја врати предноста на Уругвај. Џерард лошо интервенираше со глава, буквално му асистираше на соиграчот од Ливерпул кој излезе сам пред Харт и го постигна својот вто гол.