Луис Суарез е суспендиран од сите фудбалски активности во текот на наредните четири месеци поради гризнувањето на италијанскиот одбранбен играч Џорџо Киелини.
А забрането му е да игра и на девет меѓународни натпревари, што го исфрла од останатите натпревари на Светското првенство во Бразил.
Уругвај има три дена за да поднесе жалба против решението.
Суарез, исто така, е казнет и со 100.000 швајцарски франци (65.680 фунти), објави Би-би-си.