Струмица домаќин на „Арсенал камп“

Од:

Струмица е домаќин на тридневниот „Арсенал камп“ на кој учествуваат деца, талентирани фудбалери од Македонија, Бугарија, Србија и Косово. Присутен е и скаутот на клубот Арсенал, Лакис Папајоану кој е со намера на најталентираните да им го отвори патот кон овој премиерлигаш.

Вршителот на должноста градоначалник, Костадин Костадинов и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, ги посетија дечињата и нивните тренери.

Поздравувајќи ги, Костадинов, рече дека за Струмица е голема чест да биде домаќин на овој тридневен спортски собир и им посака од тука да си заминат побогати со нови искуства и пријателства.

– Големо е задоволството што можам да ви се обратам на овој убав и за наши прилики несекојдневен спортски собир кој се случува во нашиов град, во спортска и фудбалска Струмица. Радосен сум што како в.д. градоначалник можам да ви ги пренесам поздравите од сите гостопримливи граѓани на Струмица, особено од љубителите на фудбалот и на спортот, воопшто. Да се биде град – домаќин на „Арсенал кампот“ е голема чест, затоа што овој клуб е еден од најдобрите фудбалски колективи во Европа и светот. „Топчиите“ од Лондон со своите 13 шампионски титули во англиската Премиер лига, како и со освоените први места во европскиот Куп на куповите и Купот на УЕФА, само потврдуваат дека се еден од најреспектабилните фудбалски клубови на нашава планета, рече Костадинов.

Преку ваков камп на фудбалскиот клуб „Арсенал“, струмичанецот Дени Илиев ја продолжи кариерата во Лондон каде четири години го брани голот на помладиот тим.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска