По поразот од Велс на синоќешниот натпревар од квалификациите за Светското првенство, предводникот на македонската репрезентација вд селекторот Зоран Стратев на прес конфренцијата истакна дека во поголемиот дел од натпреварот Македонија имаше посед на топката, но не успеа тоа да го искористи.
– Потфрливме во реализацијата, а Велс е репрезентација која знаеше тоа да го казни, оцени Стратев.
Тој рече дека е задоволен од учинокот на Ерџан Алиоски и од Предраг Ранѓеловиќ.
До крајот на квалификациите Македонија ќе одигра уште еден натпревар на 15 октомври во Јагодина со Србија.