Стратев: Некои играчи потполно ме разочараа

Од:

В.Д. селекторот на македонската фудбалска репрезентација Зоран Стратев по синоќешниот висок пораз од Србија изјави дека е разочаран од одредени играчи.

– Иако доживеавме тежок пораз им честитам на оние кои се обидуваа да направат нешто и го даваа максимумот. Меѓутоа некои играчи потполно ме разочараа покажувајќи недисциплина. Имаше и такви кои сакаа да бидат заменети, некои се расправаа на теренот и затоа крајниот резултат е таков, истакна Стратев.

Тој не сакаше конкретно да каже кои се фудбалерите кои потфрлија и најави анализа за случувањата во Јагодина за поразот со 5:1.

Стратев ја пофали домашната селекција оценувајќи ја за класа подобра од македонската, а за српските фудбалери рече дека се пример како треба да се бори за својата земја.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска