Зоран Стратев в.д. селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за двата последни квалификациски натпреавари со Велс и Србија на 11 и 15 октомври во Кардиф и Јагодина.
На листата со играчи на Стратев нема многу промени во однос на предходните средби од квалификациите за Светското првенство 2014 година. Демири се враќа после повредата, Бабунски повторно е со најдобриот тим, како дебитант е повикан Алиоски од Шафхаузен, а Блажевски од Хоризонт Турново е единствениот повикан фудбалер од домашното првенство.
На списокот на Стратев се наоѓаат:
Голмани: Томе Пачовски (Мехелен, Белгија); Дарко Тофилоски (Кошице, Словачка); Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт, Романија).
Одбрана: Бобан Грнчаров (Ботев, Бугарија); Стефан Ристовски (Латина, Италија); Николче Новески (Мајнц, Германија); Ванче Шиков (Волин, Украина); Даниел Георгиевски (Стеауа, Романија); Даниел Мојсов (Бран, Норвешка); Ерџан Алиоски (Шафхаузен, Швајцарија).
Среден ред: Мухамед Демири (Сент Гален, Швајцарија); Никола Глигоров (Хазар Ланкаран, Азербејџан); Остоја Стјепановиќ (Висла Краков, Полска); Предраг Ранѓеловиќ (Јагодина, Србија); Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија); Дарко Тасевски (Кирјат Шмона, Израел);
Напад: Адис Јаховиќ (Ворскла, Украина); Иван Тричковски (Васланд Беверен, Белгија); Александар Трајковски (Мехелен, Белгија); Горан Пандев (Наполи, Италија); Мирко Ивановски (Астра, Романија); Агим Ибраими (Каљари, Италија); Јован Костовски (Леувен, Белгија); Дејан Блажевски (Хоризонт, Македонија).