ВИДЕО: Стох влезе во историјата на новогодишната турнеја „Четири скокалници“

Од:

Полскиот ски скокач Камил Стох оствари историски успех со неговиот доминантен триумф на Новогодишната турнеја четири скокалници.

Стох победи на сите четири станици на Турнејата и после Свен Ханвалд е вториот човек на кој тоа му успеало, комплетирајќи го т.н. „Гренд слем“.

На последната скокалница во Бишосховен тој дојде како десети скокач кој ги освоил Оберсдорф, Гармиш и Инсбрук, за во Австрија да слави со скоковите од 132,5 и 137 метри (275,6 бодови).

Еден од првите кои што му честитаа беше Ханвалд, а Стох влезе во малата група на ски скокачи кои го одбраниле трофејот Четири скокалници, но и врзале пет последователни триумфи, па на првата станица во 2019 година ќе има шанса да обори уште еден рекорд.

Втор беше Андрес Фанемел од Норвешка со 272,4 поени (скокови од 130 и 139 метри), додека на подиумот се искачи и Андреас Велингер од Германија.

Во генералниот пласман на Новогодишната турнеја Стох освои 1.108,8 поени, Велингер беше втор, а Фанемел трет. Рихард Фрајтаг, еден од фаворитите на натпреварување се повлече по падот пред два дена.

– Воопшто не размислував за рекорди. Знаев од почетокот на натпреварување дека треба да бидам фокусиран на тоа што го работам и успеав. Пресреќен сум, ова е голем успех. Следуваат Олимписките игри, за кои започнуваат припремите, но јас веќе сум олимписки шампион. Би сакал моите колеги од репрезентацијата исто така да почувствуваат како изгледа победа на најголемото спортско натпреварување, рече Стох.

Би можело да ве интересира

Трагичен крај на потрагата: По пет месеци, скијачот пронајден мртов

Закрепнува норвешкиот ски-скокач Танде, кој имаше страотен пад на Планица

Жарко Настоски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ужасен пад на Планица, норвешкиот ски-скокач Даниел-Андре Танде е во кома

Жарко Настоски

Ски-скокачот Жила го освои мундијалското злато на малата скокалница во Оберздорф

ВИДЕО: Луд подвиг, се спушти нанaзад на ски-скокалница

Катерина Ѓуровски

„Четири скокалници“: Кубацки со рекорден скок триумфираше во Гармишпартенкирхен

Ана Ололовска